Роналдо од пенали го спаси Јуве од пораз на дуелот со Аталанта

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус, синоќа на домашен терен во дуел од 32. Коло, одигра нерешено 2:2 со третопласираната на табелата Аталанта.

Гостите од Бергамо два пати водеа, но нивна победа спречи Кристијано Роналдо со два гола од пенал.

За Аталанта стрелци беа Дуван Запата и Руслан Малиновски.

Јувентус со 76 бода е убедливо прв во пласманот во Серија А, втор е Лацио со 68, Аталанта има 67, Интер 65 и натпревар помалку.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close