Рондо доби скршеница на палецот и ќе пропушти два месеца

 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо го скрши палецот на десната рака. Тој ќе пропушти 6-8 недели, според инсајдерот на „ЕСПН“ Рејчел Николс.

Триесет и четиригодишниот играч се повреди за време на вчерашниот  тренинг во Орландо. Операцијата е закажана за оваа недела.

Се очекува Рондо да се врати на теренот на крајот од првото до почетокот на второто коло од плеј-офот.

Back to top button
Close