Росоклија: Ги чувам сите согласности од семејствата на починатите чии ткива се однесени за испитување

„На член на семејството на починат му даваат информативно писмо, го канат на разговор и му објаснуваат што од нив очекуваат. Ако семејството се согласи, тогаш член на семејството доаѓа на разговор со психологот или психијатарот. Пред да почне разговорот, психологот или психијатарот бараат од членот на семејството да потпише консент форма. Тоа е форма на согласност дека се согласува ткивото да биде употребено за научни цели“.

Ова во интервју за Канал 5 телевизија го изјави Горазд Росоклија, македонски научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, кој од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, САД. Неговата изјава доаѓа откако во јавноста се појави сомнеж дека беа согласност на семејствата се носеле мозоци на починати од Македонија за научни цели.

Росоклија вели дека „секое семејство има потпишано консент форма и само врз основа на тоа можеме да работиме со тоа ткиво. Сите тие консент форми јас ги чувам, иако по 5 години по завршување на проектот не мора да се чуваат, јас ги чувам“.

Back to top button
Close