РСБСП организира летна школа за млади мотоциклисти

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира превентивно едукативна акција насловена како „Летна школа за млади мотоциклисти“.

Акцијата се состои од теоретска настава која ќе се одвива онлајн и од полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи.

Најдобрите пет кандидати ќе добијат ваучер за полагање за АМ категорија, а најдобрите 15 (вклучително и првите пет кои добиле ваучер за полагање) ќе добијат ваучер за бесплатна обука во автошкола за АМ категорија.

Ваучерите се со времетраење од една година односно треба да се искористат до 31 август 2021 година.

Право на учество имаат сите заинтересирани лица на возраст од 16 до 18 години  кои не поседуваат возачка дозвола од АМ категорија.

Рокот за поднесување на апликацијата е до 5 август, а пријавата се поднесува на е-маил адресата [email protected] која може да се најде на веб страната на РСБСП – www.rsbsp.org.mk.

Back to top button
Close