РСБСП со апел: Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им препорача на граѓаните за новогодишните празници да бидат совесни и да возат одговорно и безбедно. Еве ја пораката од РСБСП:

„Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања.

Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација.

Заеднички интерес на сите нас е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.

Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот.

РСБСП потсетува на непроценливата вредност на животот и на радоста што ја носи секој среќен момент поминат со најблиските. Затоа ги упатува следните препораки за возење во текот на Новогодишните празници:

не возете под дејство на алкохолприлагодете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги правилата за нејзиното ограничувањене го користете автомобилот доколку немате потребакористете зимска опремавозилото нека ви биде технички проверено и исправнобидете постојано информирани за состојбата на патиштатавнимавајте на ниските температури и на појавите на снег и голомразицане користете мобилен телефон додека возитекористете сигурносен појаспочитувајте ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

РСБСП со апел: Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно. Новата 2022 година нека биде среќна и безбедна!

Back to top button
Close