РСЕ: Фирмата која ги набави фингер принт апаратите за ДИК и е предмет на предистрага во обвинителството го добила и го работи и кол центарот на МВР

Фирмата „Симболико“ која е задолжена да ви закаже термин за лични документи е дел од предистражна постапка во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупуција по кривична пријава која ја достави Антикорупциска комисија до Обвинителството и до Финансиската полиција.

Кривичната пријава не се однесува на договорите што фирмата „Симболико“ ги има со МВР, туку на дел од јавната набавка за фингер принт апаратите кои во 2021 година ги купи Државната изборна комисија (ДИК) и служат за идентификација при избори.

Од Обвинителството ни одговорија дека е отворена предистрага. „Иницијативата е доставена во август годинава и распоредена кај јавен обвинител на постапување“, одговорија кусо од Обвинителството, истакнувајќи дека во оваа фаза од преистрагата не можат да одговорат детално на прашањата.

Па затоа останува неодговорено прашањето на што точно се однесува предистрагата. Обвинителството и Финансиската полиција постапуваат по сомнежите на Антикорупциската комисија околу злоупотреба на службена должност на претседателот на ДИК Александар Даштевски и фирмите „Дермалог“ како носител на јавната набавка, и подизведувачи „Симболико“ и „Алфазет“ за испумпување на пари од државниот буџет. Финансиската полиција за РСЕ вели само дека презела мерки кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела поврзани со постапката за набавка на фингерпринт апаратите за ДИК и дека го известиле надлежниот јавен обвинител за резултатите од нивните проверки.

Целото истражување на РСЕ прочитајте го ТУКА

Back to top button
Close