РСС избра жени претприемачки на Западен Балкан и формираше регионална мрежа

Советот за регионална соработка (РСС) денеска ги избра жените преприемнички на Западен Балкан за 2001 година во 6 категории и ја промовираше првата Регионална мрежа на жени претприемачки во регионот.

Помеѓу избраните е и Валентина Тасева, сопственичка на фирмата Semos Education, во категоријата креативна претприемачка. Другите избранички се Аида Зубевиќ, сопственичка на Фаведа од БиХ, Драгана Чалија, сопственчка на Saint Di од Србија, Пакизе Пајазитај, сопственичка на Крафт бизнис Црна Гора и Арта Шеху Заими, сопственичка на Labbox од Косово.

„Жените на Западен Балкан претставуваат половина од човечкиот потенцијал на регионот, а сепак една од две жени не се на пазарот на трудот. Меѓу младите, дури 38 посто жени не се вработени. Жените се сопственички на само еден од четири стопански субјекти на Западен Балкан, а само на една од девет челни позиции во компаниите се наоѓа жена“, изјави генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу на конференцијата што се одржа денеска во Тирана.

Брегу додаде дека токму поради ваквите родови разлики од кои се губат дури 18 отсто од БДП на Западниот Балкан, е формирана Регионалната мрежа на жени претприемачки.

Главната цел на регионалната мрежа ќе биде унапредување на партнерствата помеѓу жените претприемнички, како и да се развива дискусија за создавање на инклузивно опкружување и да се детектираат различните предизвици и потреби на жените претприемнички.

Мрежата е продолжување и развивање на иницијативата НИЕ – што е покрената од РСС пред три години, со цел зацврстување на моќта на жените претприемнички на Западен Балкан и е дел од проектот за Заеднички економски пазар

 

Back to top button
Close