Рубио на средба на Г-7 ја истакна важноста на демократијата и изборите во Венецуела

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа учествувал на телефонска конференциска средба со министрите за надворешни работи на земјите од Г-7, организирана од Франција, на која се разговарало за Венецуела и Украина.

Разговорите биле насочени кон значењето на ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела, како и создавање услови за демократија и планирање избори во таа земја, соопшти во изјава канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд.

„Како група се согласивме да продолжиме со дијалогот за значењето на меѓународното право, како и за други глобални конфликти“, додаде Ананд.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close