Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности

Американскиот државен секретар Марко Рубио, одговарајќи на прашање за новата стратегија за национална безбедност на САД, предупреди дека Европа би можела да ги изгуби вредностите што ги дели со Вашингтон.

Тој наведе дека американската администрација жали за наводната загуба на демократијата и слободата на говорот во Европа.

– Односот со Европа се темели на фактот дека споделуваме заедничка култура, цивилизација, заедничко искуство, вредности и принципи за работи како што се човековите права, слободата, независноста и демократијата. Ако сето тоа се укине, ако од која било причина престане да биде приоритет, мислам дека на долг рок и во поширока смисла го оптоварува и го загрозува нашиот сојуз. Во тој случај имате само чист одбранбен договор. Тоа е сè што имате, истакна Рубио.

Во нова стратегија за национална безбедност, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја оцени политичката клима во ЕУ како закана за американските интереси.

Back to top button
Close