Рубио: Се надевам дека од состанокот меѓу Либан и Израел ќе произлезе акциски план


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изрази надеж дека тековниот состанок на либанските и израелските официјални лица во Вашингтон, на кој се разговара за мировен план, ќе резултира со заедничка изјава и акциски план.

Најновата, четврта рунда разговори, која е насочена кон прекин на борбите меѓу Израел и милитантното проиранско движење Хезболах во Либан и постигнување долгорочен мир, почна вчера и би требало да заврши денеска.

Преговорите меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи и кои официјално се во војна од 1948 година, продолжија во американскиот Стејт департмент.

Израел почна напади врз Хезболах на почетокот на март, кога милитантната група, во знак на поддршка за Иран, почна да лансира ракети и дронови кон Израел. Нападите, чии цели на почетокот беа во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут, кои се упоришта на Хезболах, подоцна се проширија и на други области во Либан, а Израел почна и ограничена копнена операција во земјата

Back to top button
Close