Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Светот е побезбеден по американските напади врз Иран, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, објавија светските агенции.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој го обвини и Иран дека започнал лажни преговори со САД, обидувајќи се да го изигра претседателот Доналд Трамп.

Рубио се осврна на неодамнешните разговори меѓу Иран и САД за неговата нуклеарна програма, во кои Иран изјави дека нема да се откаже од збогатувањето на ураниум.

Back to top button
Close