Рубио: Санкции за двајца судии на МКС поради постапки против Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД ќе санкционираат двајца судии од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради правни дејствија против Израел и неговите граѓани.

– Денеска воведувам санкции против двајца судии од МКС – Гоча Лордкипаниѕе од Грузија и Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, во согласност со декретот потпишан од претседателот Доналд Трамп во февруари оваа година. Овие лица учествувале директно во постапките на МКС за истрага, апсење, притворање и гонење на израелски граѓани без согласност на Израел, посочи Рубио.

МКС американските санкции ги оцени како „очигледен напад врз независноста на непристрасна судска институција“ и најави дека решително ќе застане во одбрана на своите вработени и на жртвите. Судот ќе продолжи да работи заедно со сите свои партнери, со цел да обезбеди ефикасно и независно исполнување на својот мандат, се наведува во соопштението од МКС.

Одлуката за воведување санкции против МКС, потпишана од Трамп, предвидува замрзнување на банкарските сметки на судските службеници во САД и воведуваат забрана за патување во САД за нив и членовите на нивните семејства

Back to top button
Close