Русија бара истрага за нападот врз аеродромот во Аден, каде имаше 26 жртви

Москва остро го осуди нападот врз јеменскиот меѓународен аеродром во Аден и повика на детална истрага за злосторството, соопшти  синоќа руското Министерство за надворешни работи.

„Повикуваме на детална и непристрасна истрага. Изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на убиените и посакуваме брзо закрепнување на повредените”, се наведува во соопштението на риското МНР пренесено од Тасс.

Русија смета дека „овој дрзок напад“ потврдува дека долготрајната војна и политичката криза во Јемен треба да се решат што е можно поскоро, додаде руското Министерство за надворешни работи.

„Убедени сме дека доколку сите учесници во внатрешниот конфликт не постигнат компромис, нема да биде можно да се решат бројните проблеми во земјата, вклучувајќи го и обезбедувањето на потребното ниво на безбедност, како и решителната борба против Ал Каеда и другите терористички групи“, се додава во соопштението.

Во нападот на аеродромот загинаа најмалку 26 лица, а околу 50 се повредени, во време кога на него слета авион со членови на новата Влада на национално единство.

Досега никој не презеде ја одговорноста за нападотво кој ниту едне член од новата влада не беше повреден.

Back to top button
Close