Русија ќе биде исфрлена од SWIFT системот во наредните денови, тврди гувернер на централна банка од ЕУ

Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.

„SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови“, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека таквата одлука е апсолутно неопходна.

Back to top button
Close