Русија ги раскинува воените договри со Бугарија и со десетина други земји членки на НАТО

Руската влада го овласти Министерството за одбрана да ги раскине постојните воени договори со Бугарија и десетина други земји-членки на НАТО. Одлуката беше објавена на официјалниот портал на руската влада за правни акти.
Во 1992 година, Русија и Бугарија го потпишаа предметниот Договор за пријателски односи и соработка, со кој се поставија темелите за нови билатерални односи по завршувањето на Студената војна, вклучително и во областа на одбраната.
Москва, исто така, продолжува со раскинување на голем број други меѓународни воени договори потпишани во периодот 1992-2002 година. Меѓу засегнатите земји се Германија, Полска, Норвешка и голем број други западни земји, објави ТАСС, цитирано од БТА.
Меѓу првите откажани договори се со Германија (потпишан на 13 април 1993 година), Полска (7 јули 1993 година) и Норвешка (15 декември 1995 година), сите склучени во Москва. Процесот на раскинување ги опфаќа и билатералните договори за воена соработка со Романија (28 март 1994 година), Данска (8 септември 1994 година), Велика Британија и Северна Ирска (18 март 1997 година), Холандија (18 јуни 1997 година), Хрватска (18 декември 1998 година), Белгија (19 декември 2001 година) и Чешка (16 април 2002 година).
Извор: nezavisen.mk






