Русија го забележа најцрниот рекорд од почетокот на пандемијата – 13.600 новозаразени во еден ден
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/10/rusi-a-go-zabelezha-na-crniot-rekord-od-pochetokot-na-pandemi-ata-13-600-novozarazeni-vo-eden-den.jpg)
Во Русија во последните 24 часа е регистриран најцрниот дневен биланс на новозаразени со коронавирус, откако медицинските власти потврдија 13.634 нови случаи на инфекцијата, што е најголем број на нови инфекции од почетокот на пандемијата, објавено е денеска во Москва.
Со овие најнови податоци вкупниот број на потврдени случаи во земјата достигна 1.298.718. Во последното деноноќие од Ковид-19 умреле 149 лица , а од почетокот на пандемијата им вкупно 22.597 смртни случаи, наведува Тасс.
Русија се наоѓа на четвртото место во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, веднаш зад САД, Индија и Бразил.