Русија и Украина разменија тела на загинати војници
Русија и предаде на Украина повеќе од илјада тела на загинати украински војници во замена за 38 тела на загинати руски војници, јавија руски медиуми.

Украина денеска потврди дека од Русија ги примила посмртните останки на уште илјада лица, пријавени како тела на загинати украински војници во борба- На Украина и беа вратени илјада тела кои според руската страна се на украински војници, соопшти на „Телеграм“ украинскиот центар одговорен за воени заробеници






