Русија изброја 79 платеници од Македонија на страната на Украина, МНР нема информации

Русија објави нова статистика за учество на, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија. Според листата што ја објави руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на страната на Украина се бореле 79 македонски државјани од кои убиени или елиминирани се 26, вратени се 21, а според податоците до 5 август, активни на фронтот се 32 лица од земјава.

Од македонското Министертво за надворешни работи (МНР) за „360 степени“ велат дека немаат информации за евентуално учество на наши државјани во војната во Украина.

 

„Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуално учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана“ велат од МНР.

Инаку, „платеници“ во Украина има и од Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Латвија и други земји. На пример, од Косово во Украина досега се бореле 156 лица од кои 72 или речиси една половина се убиени, според информациите што ги пласира руската страна.

Back to top button
Close