Русија извршила координиран напад врз објекти на украински воено-индустриски комплекс во Киев

– Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека армијата извршила „координиран напад со употреба на прецизно копнено оружје врз објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс што се наоѓаат во градот Киев“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на социјалните мрежи дека неколку лица биле повредени во руските воздушни напади врз украинската престолнина.
Руското Министерство за одбрана наведе мета на нападот била фабрика на компанијата „Samsung Украина“ во која, според руските тврдења, биле „произведувани и складирани компоненти за ракетите Фламинго“, како и работилница за монтажа на беспилотни летала со долг и среден дострел.
Украинските власти засега не ги потврдија таквите наводи






