Русија научно-технолошки забрзано чекори кон земјите од третиот свет

Војната во Украина и воведените меѓународни (западни) санкции против Русија предизвика ценовен и количински енергетски шок на Западот од кој се тресат светските берзи на енергенси од различен вид. Спиралните инфлаторни движења го зафатија и Европскиот и Американскиот континент со рекорди што не се забележани со децении наназад, а недостатокот од украинското жито, но и од различни видови на супстанци за пестициди во земјоделието, ги креваат цените на основните продукти на пазарите за храна кои и така беа загрижувачки дестабилизирани од двете пандемиски години зад нас.

Западните економии се најбогатите во светот, но нивната благосостојба зависи не само од цената на енергенсите, туку и од воспоставените деликатни баланси на глобалната трговија, со прецизно пресметаните заработки и загуби во синџирите за снабдување. Профитите и развојот на модерната економија се потпира врз прецизните калкулации за тоа што и кога треба да стигне на полиците за продажба, без да се прават непотребни дополнителни трошоци во транспорт, застои на границите, магацинските складирања и непродадените вишоци. Кога тие линии на снабдување, градени со децении, ќе се нарушат, не е ни лесно, ни брзо, ни евтино да се најдат алтернативи.

Не мора да сте економски експерт за да ги разберете светските економски текови. Доволно е што семејните буџети „експлодираа“ насекаде во западниот свет, а државните интервенции што се прават во стратегиските сектори како енергетиката и земјоделието не се забележани ни во најуспешните години во државите на социјализмот. Загубите на бројни стопански гиганти на Западот и оваа, а најверојатно и идната година, ќе бидат рекордни, нивните акционери ќе стават многу помалку профити (ако воопшто ги има) во џебовите од она што се вообичаено навикнати. Растот на светската економија значително ќе успори.

Но, што се случува на другата страна на „фронтот“?

До минатата недела, над 500 меѓународно познати компании ја напуштија Русија. Некои објавија дека тоа го прават привремено, додека не престане војната во Украина; други се повлекуваат од рускиот пазар на подолг рок, затворајќи ги синџирите за снабдување и илјадници продавници, складишта, фабрики, развојни центри, претставништва, сервиси, доставни мрежи…; трети ги стопираа или сосема ги откажаа планираните инвестиции за наредните години вредни стотици милиони долари.

Списокот на оние кои се повлекоа од Русија е многу долг (објавени во Њујорк Тајмс и Школата за менаџмент на Јејл), а имињата се протегаат од глобалните шампиони за разновидна широка потрошувачка, преку големи банки, осигурителни друштва, енергетски компании, медиумски сервиси, транспортни контејнерски гиганти, до индустриски производители и технолошки компании клучни за опстанокот на илјадници други локални бизниси. Практично, нема стопански сектор што не е директно погоден. Русија е транспортно, технолошки, комуникациски и трговски отсечена од западниот свет, на што отпаѓа добра половина од нејзината трговска размена.

Во Русија веќе е тешко, а ќе стане уште потешко (и многу поскапо, на „црниот пазар“), да си го поправите мобилниот телефон, правосмукалката, автомобилот или да купите нов миксер, телевизор или фрижидер и уште стотици други секојдневни производи без кои модерниот живот е, во нормални прилики, незамислив.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close