Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев

– Русија денеска осуди тинејџер на 12 години затвор за наводно донирање пари на силите на Киев, јавија руските медиуми. Во јужниот град Ростов на Дон, судот осуди 19-годишник на 12 години затвор за „предавство“.

Безбедносната служба ФСБ соопшти дека тинејџерот праќал пари за да и помогне на армијата на Киев да купи беспилотни летала и храна за војниците.

Се наведува дека обвинетиот бил уапсен на аеродром додека се обидувал да ја напушти Русија.

„Регионалниот суд во Ростов го прогласи човекот за виновен и го осуди на казна во форма на 12 години во строга казнена колонија“, ја цитира РИА Новости изјавата на ФСБ.

Back to top button
Close