Русија почна подготовки за испраќање човек на Месечината

epa03221134 A logo of Russian Federal Space Agency Roscosmos at the CeBit trade fair in Hanover, 06 March 2012. EPA/MAURITZ ANTIN

 

Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос“.

„Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на такви мисии.

Цели на истражувањето се: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути во орбитата на Месечината и површината на Месечината.

Истовремено, треба да се земе предвид потребата за решавање на медицинско-биолошките проблеми, се наведува во документот. Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи (23,4 милиони долари).

Официјалните документи на Роскосмос укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата Ангара, користејќи мал транспортен брод

Back to top button
Close