Русија се повлекува од членство во УЕФА

Фудбалската федерација на Русија во вторник ќе истапи од членство во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и ќе пристапи кон Азиската фудбалска конфедерација, најави денеска првиот човек на рускиот фудбал Александар Џуков

.На руските клубови и репрезентации им е забранет настап на натпреварувањата во организација на УЕФА и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), како дел од санкции воведени поради руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари.

Оваа одлука со сигурност ќе влијае на тоа како ќе се развива рускиот фудбал во следните десет години. Почнавме да разговараме за тоа, но се согласивме дека прво мораме да ги анализираме сите можни сценарија и нивните последици. Доволно е само да се спореди односот на Азија и Европа кон нас. Во Азија има 48 репрезентации и само две или три од нив не сакаат да играат против нас. Тоа е сосема спротивно од тоа што се случува во Европа каде повеќе од половината репрезентации не сакаат да играат против нас“, изјави Џуков.

Back to top button
Close