Русија: Спутник V одобрена за масовна вакцинација
Руското Министерство за здравство одобри вакцината Спутник V да се користи за масовна вакцинација на лица над 60 години, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко на телевизија Русија 24.
– Вакцината Спутник V претходно беше одобрена за употреба на лица на возраст од 18 години и повеќе, но отсега натаму, може да се вакцинираат и граѓани над 60-годишна возраст и постари, рече Мурашко и додаде дека масовни вакцинации се вршат низ цела Русија.
Вакцинацијата против Ковид-19 во Русија почна на 10 декември, а Мурашко објави дека вакцините ќе бидат дистрибуирани во сите региони на земјата.