Русија тврди дека најмалку три украински дронови ја нападнале нуклеарната централа Запорожје

Руското назначено раководство на нуклеарната централа Запорожје денеска соопшти дека вооружените сили на Украина вчера ја нападнале најголемата нуклеарна централа во Европа со најмалку три дронови.

Најмалку два од бдроновите експлодирале над покривот на зградата на центарот за обука. Експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) кои биле внатре биле евакуирани на безбедно место, се вели во соопштението.

Во текстот се наведува дека радијациската позадина во областа е во нормални граници.

-И покрај апсурдните и опасни дејствија на киевскиот режим, ситуацијата е под контрола, нагласи прес-службата на руското назначено раководство на нуклеарната централа Запорожје.

Овие тврдења не се независно потврдени. Досега нема коментар од украинската страна.

Во областа на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русија во март 2022 година – кратко по почетокот на војната, често се пријавува гранатирање, за што двете страни во конфликтот се обвинуваат меѓусебно.

Во вторникот, МААЕ објави артилериско гранатирање во близина на централата.

Back to top button
Close