Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка

Украина одби прекин на огнот во Костјантинивка, со што би се олеснило утрешното предавањето на посмртните останки на украинските војници, соопшти руското Министерство за одбрана.

 

Претходно, Русија предложи шестчасовен прекин на огнот околу Костјантинивка, а Украина имаше рок до денеска да одговори.

 

Руските команданти во петокот соопштија дека ја презеле контролата на Костјантинивка, но Украина демантираше.

 

Москва подолг период се обидува да го заземе стратешкиот град, како дел од својата воена кампања во Доњецк.

Back to top button
Close