Русија тврди дека зазела уште едно село во Курск под контрола на Украина


Руските сили денеска соопштија дека го освоиле претпоследното место под контрола на украинската војска во руската област Курск.

– За време на офанзивните операции, единиците на Северната група на силите го ослободија селото Олешња во Курската област, објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм.

По заземањето на тоа погранично село, остана уште едно, Горнал, кој сè уште е под контрола на Украина во областа Курск.

Украинските сили почнаа офанзива во пограничниот регион во август 2024 година, изненадувајќи ги руските војници и заземајќи повеќе од 1.000 квадратни километри.

Back to top button
Close