Русија води истрага за дисидентот Навални и за екстремизам

Руските власти водат истрага за дисидентот Алексеј Навални и за екстремизам, произлезен од интервју што го дал пролетоска, а во кое  сугерирал дека владата треба насилно да биде соборна, јавија денеска руските државни медиуми, пренесе ДПА.

Истражителите веруваат дека за време на интервјуто на 27 април за радиостаницата „Ехо на Москва” Навални упатил директна закана против рускиот уставен поредок, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од органите на прогонот.

За време на интервјуто, Навални ја обвинил владата дека не прави доволно за поддршка на лицата со ниски примања, особено оние без официјално пријавени приходи.

Навални во интервјуто кажа дека „ако сакаат да остават гладни 60 милиони луѓе, тогаш таквата влада треба веднаш да биде урната, можеби дури и со насилни средства”, се наведува во транскрипт на интернет страницата на радиото.

Обвинение за екстремизам се казнува со затвор до пет години.

Навални (44), пренесува ДПА, денеска изјави дека обвинението е стокмено за да го спречи неговото враќање во Русија. Тој во август беше префлен на клиника во Берлин од руска болница во градот Омск,  откако одеднаш се разболе за време на пат во Сибир.

Лаборатории во Германија, Франција и Шведска утврдија дека тој бил отруен со хемискиот агенс „Новичок”, додаде германската агенција.

-Путин, кој седи во својот бункер, не сака да се вратам во Русија по закрепнувањето, толку многу што покрај заканата дека ќе ме испрати во затвор за предавство против татковината, сега одлучил да вклучи и кривична постапка за екстремизам, изјави денеска Навални.

Back to top button
Close