Русија воведе санкции против британскиот политички естаблишмент

Русија воведе санкции против политичкиот естаблишмент и експертската заедница на Велика Британија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Санкции се воведени за заменик-директорката на Канцеларијата за спроведување на трговските санкции во Министерството за трговија на Велика Британија, Ана Дибен-Јанг, за пратеникот на Шкотската национална партија Дејвид Мајкл Дуган, заменик-министерката за финансии Ема Елизабет Рејнолдс и за шефицата на Европскиот оддел во Центарот за финансиска и безбедносна политика Кинга Редловска.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека британската разузнавачка агенција МИ6 и Би-би-си ги охрабруваат луѓето да извршуваат кривични дела. Таа учеството на медиумите во програмата за регрутирање го опиша како злосторство против слободата на говорот и совеста.

Back to top button
Close