Руси и Саудијци на мета на првите самостојни британски санкции

 На мета на првите самостојни британски санкции ќе се најдат 25 руски државјани, кои наводно се вмешани во смртта на адвокатот Сергеј Магницки и 20 саудиски државјани, вмешани во убиството на новинарот Џамил Кашоги, изјави денеска во Парламентот британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Првите мерки кои Велика Британија ги презема против лица обвинети за кршење на човековите права подразбираат замрзнување на имотот и забрана за патување.

– Оваа Влада има цел Обединетото Кралство да стане уште поголема сила во борбата за доброто во светот. Оние кои имаат крв на рацете нема да можат слободно да се движат низ оваа земја, да купуваат имоти на Кингс роуд, да купуваат на Најтсбриџ или да перат валкани пари преку британските банки, истакна Раб.

Таквиот потег доаѓа откако во 2018 година е усвоен закон за санкции, со кој е воспоставен постбрегзит режим на санкции.

Велика Британија претходно имала обврска да ги следи санкциите на ЕУ и ОН. гт/

Back to top button
Close