Руси со дрон погодиле цивилен автобус полн со луѓе, девет загинати
Светските новински агенции јавуваат дека има најмалку девет лица загинати, а четворица се повредени во руски напад со беспилотно летало врз цивилен автобус во градот Билопилја, во североисточната Сумска област на Украина, во близина на границата со Русија.
Инцидентот се случил денес изутрината додека автобусот сообраќал кон регионалниот центар Суми. Украинската национална полиција го окарактеризира нападот врз автобусот како „цинично воено злосторство“. Засега Русија не го коментираше директно инцидентот, но изјави дека гаѓала „воена собирна област“ во Суми.
Според регионалниот началник на Суми, Олег Хрихоров, автобусот бил погоден од руски дрон „Лансет“ во 06:17 часот по локално време. Тој го опиша нападот како „нехуман“.
Инаку овој стравучен напад се случи само неколку часа откако Русија и Украина ги одржаа првите директни мировни преговори од 2022 година во Истанбул, Турција.
Повеќе: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ