Русите го гранатираат Киев – Горат неколку станбени згради

„Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија.Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Кулеба повторно повика на строги санкции против Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин, повикувајќи ги земјите да ги прекинат сите врски со Москва и „да ја исфрлат Русија од секаде“. „Стоп за Путин. Изолирајте ја Русија“, напиша тој.

Новинската агенција УНИАН, на која се повикува ДПА објави дека неколку експлозии го потресоа украинскиот главен град Киев во раните утрински часови денеска при што избувнаа пожари во повеќекатната станбена зграда откако беше погодена.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, пак, изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов.

„Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев“, напиша Герашченко на Телеграм.

Тој додаде дека бранителите на Киев се подготвени.

„Нападите врз Киев со крстосувачки и балистички ракети продолжија“, наведе Герашченко преку СМС порака до новинарите.

Back to top button
Close