Русите мора да го заземат Бахмут, но не сме ни блиску до тоа, вели шефот на Вагнер

– Евгениј Пригожин, сопственик на платеничката група Вагнер, истакна дека руските сили мора да го освојат украинското упориште Бахмут за да продолжат со нивната воена операција, но призна дека украинските трупи пружаат жесток отпор.

Руските сили се обидуваат да го опкружат и заземат Бахмут, град во источниот регион Донбас кој стана централно место на украинскиот отпор на руската инвазија и напорите на Москва да ја врати динамиката на бојното поле.

Во интервју за руски воен дописник што го пренесуваат западните медиуми, Пригожин рече дека Москва мора да постави јасни цели во својата операција, што, според него, значи „цврсто утврдување на своето присуство во источна Украина или притискање напред за заземање повеќе од земјата“.

„Бахмут е потребен за нашите војници да можат да дејствуваат без проблеми. Зошто тој град се нарекува „мелница за месо? Затоа што украинската армија испраќа се повеќе единици. Веројатно е рано да се каже дека сме блиску. Има многу патишта кон надвор, а помалку патишта кон внатре“, вели тој.

Украинските трупи се добро обучени… Како и секој голем град, невозможно е директно да се заземе. Ние се снаоѓаме многу добро. Прво, треба тивко да го земеме Бахмут, а потоа јасно и гласно да кажеме дека го зазедовме“, рече Пригожин.

-На Русија веројатно ќе и бидат потребни 18 месеци до две години за целосно да обезбеди контрола над источниот индустриски центар на Украина Донбас“, рече шефот на платениците.

Тој додаде дека војната би можела да трае три години доколку Русија одлучи да окупира територии источно од реката Днепар. Изјавата на Пригожин е своевидно признавање на тешкотиите со кои се соочи Кремљ за време на војната во Украина, оценуваат западни медиуми.

Back to top button
Close