Русите со ултиматум за преговорите во Белорусија

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел. Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државни медиуми дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор.

Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите – рече Медински.

– Ние се залагаме за мир – додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денска нагласи дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.

Back to top button
Close