Русите во Москва шокирани од инвазијата на Путин врз соседите: „Се срамам од мојата земја“  

Низ Москва утринава се чувствува конфузија откако Русија ја нападна Украина, погодувајќи неколку цели низ земјата.

На Стариот Арбат, една од најпрометните пешачки улици во Москва, многумина изразија шокираност што Русија извршила сеопфатен напад врз Украина, пишува Гардијан.

„Не мислев дека Путин ќе биде подготвен да оди до крај. Како можеме да ја бомбардираме Украина? Имаме наши несогласувања, но тоа не е начин да ги решиме“, рече Ксенија Фадејева.

„Се срамам од мојата земја. Да бидам искрен, останав без зборови. Војната е секогаш застрашувачка. Ние не го сакаме ова“, рече Никита Голубев.

„Не можев да поверувам на веста што ја прочитав утрово. Војната со Украина? Што правиме? Се чувствувам немоќна“, рече Татјана, која побара нејзиното презиме да не се објавува.

Украинскиот културен центар во центарот на Москва соопшти дека денеска е затворен поради инвазијата. Украинскиот администратор, кој не сакаше да го каже своето име, рече: “Не бомбардираат додека разговараме. Се разбира дека сме затворени! Исусе, што се случува?”

Рускиот претседател Владимир Путин најави „почеток на специјална воена акција“, а потоа почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање низ Украина, која набрзо објави дека започнала инвазија на нејзината територија

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close