Руската амбасада верува во темелна истрага за смртта на четврицата руски туристи во Албанија

Руската амбасада во Тирана ја потврди смртта на четворица руски државјани во албански хотел и изрази надеж дека ќе се спроведе детална истрага за инцидентот.

-Руската амбасада во Албанија ја потврди смртта на четворица Руси во хотелот „Глорија“ во Каваја, Албанија. Конзуларниот оддел на руската дипломатска мисија во Албанија е во редовен контакт со албанската полиција, која ги истражува околностите на овој трагчен настан. Се надеваме на темелна истрага од надлежните албански служби за причините за смртта на руските државјани, се наведува во соопштението на руската дипломатска мисија во Тирана.

Според албанските медиуми, телата на четворица Руси биле пронајдени во хотелска сауна во туристичката зона Ќерет, кај Каваја, во петокот во 22:30 часот, а првчните наоди наведува дека „руските туристи се задушиле“.

Руската амбасада во Албанија потврди дека ги истражува деталите за овој смртоносен инцидент.

Жртви се брачнот пар Наталија (58), Сергеј (60), нивната ќерка Екатерина Буренкови (31) и нејзниот свршеник Никита Белоусов(37), со кого, според руските медиуми, на кои се повикуваат албанските, требало да прават свадба по враќањето од одмор во Албанија. Истите извори наведуваат дека Наталија Буренкова наводно боледувала од канцер.

Back to top button
Close