Руската Дума бара американскиот Конгрес да ги истражи заговорите за атентат врз Путин
Руската Дума денеска објави дека бара американскиот Конгрес да спроведе темелна истрага за наводните планови за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.
„Разгледувањето на прашањето за физичка смена на рускиот лидер може да се оквалификува како акт на меѓународен државен тероризам“, се вели во соопштението на Думата.
Во соопштението се истакнува и дека претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, испратил писмо до Конгресот на САД и Обединетите нации во врска со информациите за наводниот планиран атентат врз рускиот претседател