Руската платеничка група „Вагнер“ сѐ шири низ светот – оперира и во Србија, тврди Вашингтон

Високи американски функционери сè повеќе ги следат движењата и активностите на руската приватна воена група „Вагнер“ надвор од Украина, а Москва продолжува да ја користи организацијата за да започне операции со влијание во Африка и Европа, пишува „Политико“.

Минатиот месец, администрацијата на Бајден објави дека Русија се потпира на групата „Вагнер“ во Украина, регрутирајќи затвореници за офанзивата во градот Бахмут. Но, американските власти исто така собираат разузнавачки информации поврзани со активностите на групата во земји како што се Централноафриканската Република, Мали и Србија, според телеграмите до кои дошол „Политико“. Според разузнавачките информации, Русија ги користи платениците од „Вагнер“ за да му се спротивстави на расположението против Путин во јавноста, но и да ги брани државните интереси во рудници, со војници и оружје.

Групата „Вагнер“, во сопственост на рускиот олигарх Евгениј Пригожин, е активнаа во десетици земји и работи со владите на воени и политички проекти. САД долго време ги следеа активностите на групата низ светот, особено во земји како Сирија, каде што се стационирани американски војници.

Но, неодамнешните изјави од американски официјални претставници го нагласуваат степенот до кој администрацијата е загрижена за потпирањето на Русија на групата и способноста на Вагнер да ги обликува настаните во земјите каде што САД и нивните сојузници имаат деловни и дипломатски односи.

Телеграмите чија содржина ја објавува „Политико“ покажуваат како американските власти ги следат движењата и активностите на „Вагнер“ на теренот во Централноафриканската Република и Србија и степенот до кој групата претставува закана за локалните сили и официјални лица. „Вагнер“ со години оперира во двете земји, но телеграмите даваат свеж контекст за тоа како администрацијата на Бајден ја анализира зголемената активност на паравоената група во политички турбулентните земји.

„Постои сѐ поголем фокус на односите на Русија во Африка и на градењето сфера на влијание што навистина не постоеше од крајот на Студената војна“, вели Катрина Докси, придружна директорка и соработник за Проектот за транснационални закани во Центар за стратешки и меѓународни студии.

„Употребата на приватни воени компании, особено како што видовме во земји со слабо владеење, тековни безбедносни предизвици и збогатени природни ресурси, го поставува [„Вагнер“] или да ги извршува … безбедносните договори или да ги олесни идните дипломатски односи со тие земји”, додава таа.

Back to top button
Close