Руски генерал убиен во Москва! Беше шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана

Висок генерал на руската армија загина во експлозија во станбена област во Москва. Станува збор за генерал Игор Кирилов, началник на Силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, јавува Би-Би-Си.

Кирилов бил командант на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, а загинал кога излегувал од блокот на станбени згради. Експлозивната направа била активирана, пишува Би-Би-Си, во скутер/ромобил, а загинал и помошникот на Кирилов.

Фотографиите објавени на руските канали Телеграм го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.

Кирилов е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ.

Back to top button
Close