Руски одговор на санкциите: Замрзнување на средствата на странските компании и национализација

Panorama

Русија ќе одговори на западните санкции со кои се замрзнаа пари и сметки на руски државјани и компании во странство, со запленување средства на странци и странски компании во Русија, изјави во саботата новинската агенција РИА Новости Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност.

Москва не ја исклучува национализацијата на имотот на компаниите регистрирани во САД, Европската унија и другите „непријателски јурисдикции“, рече Медведев, пренесува Ројтерс.

Синоќа, САД и ЕУ одлучија да воведат санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како одговор на инвазијата на Украина.

Покрај тоа, меѓународните санкции погодија голем број руски компании и банки кои работат во странство.

Back to top button
Close