Руски патнички авион принудно слета во база во Индија поради закана за бомба

 

Авионот на руската компанија Азур Ер со 244 патници и членови на екипажот принудно слета во воена база во Индија поради закана за бомба, соопштија денеска локалните власти.

Авионот летал од Москва за Гоа во југозападна Индија, а слетал доцна синоќа во базата на индиските воздухопловни сили во Џамнагар, во државата Гуџарат.

Според локалните медиуми, авионот принудно слетал откако авиокомпанијата добила е-пошта во која се наведува дека во авионот има бомба.

Back to top button
Close