Руски воен авион пресретна американски шпионски авион над Балтичко Море

Москва, 17 август 2020 (МИА) – Руски авион ловец Су-27СМ денеска пресретна американски авион РЦ-135 во близина на руската граница над Балтичко Море, соопшти денеска рускиот Национален центар за контрола на одбраната.

– Рускиот воен екипаж се доближи до воздушниот објект на безбедна оддалеченост и го идентификува како стратешки извидувачки авион на американското воено воздухопловство РЦ-135, се наведува во соопштението од Центарот.

Во соопштението се истакнува дека откако американскиот шпионски авион се оддалечил од руската граница, рускиот авион ловец безбедно се вратил во базата. ми/

Back to top button
Close