Руски воени бродови впловија во пристаништето во Хавана

– Руски воени бродови денеска впловија во пристаништето на главниот град Куба, Хавана, откако и американски и кубански официјални претставници оценија дека тоа не претставува безбедносна закана, јавија денеска западните медиуми.

Сепак, пристигнувањето на руски воени бродови во Хавана се толкува како демонстрација на сила на официјална Москва во момент на зголемена меѓународна тензија поради војната во Украина.

Неколку рибарски бродчиња и љубопитни набљудувачи стоеле долж булеварот Малекон покрај брегот во кубанската престолнина за да ги пречекаат руските воени бродови кои вопловија во пристаништето покрај тврдината Моро, стара 400 години.

Back to top button
Close