Рускиот амбасадор за списокот со „непријателски земји“: Можни се и нови мерки

Москва, според амбасадорот Срегеј Баздникин, посебно и забележува на нашата земја за снабдувањето на Украина со воена опрема. Тој вели дека единствено нешто за што се согласува со министерот Османи е дека случувањата во Украина не се закана за Западен Балкан

 

Русија во изминатиот период се соочила со над 5 000 санкции, преземени ретроактивно, од земјите кои во почетокот на неделава се најдоа на списокот на Кремљ на непријателски држави, а меѓу нив е и Северна Македонија. На овој податок посочи вечерва рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кој во гостување на Сител, најави дека ова е само почеток и дека се можни и други возвратни мерки од Москва.

Баздникин рече дека списокот е објавен согласно со указот на рускиот претседател Владимир Путин и дека за ситуацијата била разгледувана сеопфатно за секоја земја посебно. Во случајот со Северна Македонија, Баздникон рече дека веста за снабдување на Украина со воени средства и опрема е неоправдан ризик за безбедноста. Според него, на тој начин се можни провокации за кои потоа ќе биде обвинета Русија.

Амбасадорот тврди дека против Русија се води војна со лажни вести.

Баздникин потврди дека во понеделникот бил повикан во македонското МНР и дека имал средба со функционер од Министерството и, како што рече, дале сеопфатни одговори на сите прашања што му биле поставени.

„Подготвен сум да одговарам на какво било прашање за односите меѓу двете земји. Чекам и средба со премиерот Димитар Ковачевски. Требаше да се видиме во јануари, ама средбата беше одложена поради негови обврски. Со претседателот Стево Пендаровски кусо се видовме и разменивме неколку реченици за време на годишнината од смртта на Борис Трајковски. Министерот Бујар Османи, пак, во изминатиот период даде широк спектар на изјави за односите со Русија. Тоа е негово право. Ние сме подготвени да ги браниме нашите позиции врз основа на принципите на взаемност и меѓусебно почитување. Јас не се согласувам со изјавите на Османи. Единствено се согласувам со неговата изјава дека нема директни закани за Балканот. Какви може да бидат се последиците за Западен Балкан кога дејствијата се во Украина“,рече Баздникин.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close