Рускиот гас може да го плаќаме во рубли доколку е тоа потребно, потврди гувернерката на Народната банка
28.04.2022 15:33
840 Читање помалку од 1м
Ако е потребно, можат да се прават трансакции во рубли за плаќање на рускиот природен гас, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
„Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно – рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубли.
Гувернерката посочи оти воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.
„Сè што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување – порача Ангеловска-Бежоска.
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја суспендира испораката на природен гас од земјата во Полска и Бугарија откако двете земји одбија да ја плаќаат испораката во руската валута.