Рускиот гас за Германија и Западна Европа од утре ќе пристигнува преку гасоводот Јамал-Европа

 Рускиот гас од утре повторно треба да пристигнува во Европа преку гасоводот Јамал-Европа, бидејќи гасните оператори почнаа да поднесуваат барања за реноминација, односно известување за количествата гас за транспорт на запад, покажуваат податоците објавени на веб-страницата Гаскада.

Британските медиуми пренесуваат дека протокот на руски гас преку овој гасовод кон Германија и понатаму кон Запад од саботата е намален на нула, бидејќи испораките беа пренасочени кон исток, што доведе до скок на цените на трговијата со гасот.

Веста дека ќе продолжи протокот на гас низ овој гасовод ги спушти цените на гасот, при што во европските тргувања падна на 75 евра за мегават час од нивото од 78,75 евра за мегават час на кое беше пред објавувањето на податоците за реноминациите.

Во холандскиот центар ТТФ на денешната трговија договорите за гасот за еден месец однапред беа склучени на 77 евра за мегават час.

Трговците, меѓутоа, наведуваат дека и натаму се претпазливи во врска со вистинското обновување на испораките на гас преку гасоводот Јамал-Европа, бидејќи реноминациите може да се променат до утрешното тргување, пренесуваат британските медиуми. с

Back to top button
Close