Рускиот канал „Генерал СВР“: Башар Ал Асад пред 24 часа бил отруен во обид за атентат

Сирискиот претседател во егзил се борел да дише, но конечно, лекарите кои побрзале во неговиот стан во Москва каде што тој се засолнил со семејството, успеале да го спасат.

Веста за неуспешниот обид за атентат против него излегува на виделина во време кога се шират гласини дека неговата сопруга Асма Асад бара развод, изразувајќи желба да се пресели во Лондон.

Забележано е дека Башар ал Асад е под заштита на моќникот на Кремљ во Москва од 8. декември 2024 година.

Телеграмскиот канал „Генерал СВР“ исто така додава дека 59-годишниот Асад, наводно, побарал итна медицинска помош бидејќи за неколку секунди почнал „упорно да кашла и да се чувствува како да се гуши“.

Изворот на кој се повикува рускиот „Генерал СВР“ смета дека „постојат сите причини да се верува дека е извршен обид за атентат врз соборениот лидер на Сирија“.

Асад бил лекуван во неговиот стан и неговата состојба се стабилизирала во понеделникот, јавува рускиот  информативен канал.

Back to top button
Close