Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска пристигна во посета на Кина, каде што ќе учествува на состанок на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Шангајската организација за соработка.
Лавров допатува во Кина по посетата на Северна Кореја, каде што се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Во Вонсан, Лавров одржа состанок со Ким и министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хи.
Ким за време на состанокот со рускиот министер за надворешни работи ја изрази подготвеноста на неговата земја да ги поддржи мерките на официјална Москва за решавање на украинската криза.