Рускиот нобеловец Муратов: Се срамам од инвазијата врз Украина

Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Денис Муратов изјави дека се чувствува тажен и срам поради руската инвазија на Украина, пренесува Би-Би-Си.

Мурат е уредник на Нова Газета, еден од ретките преостанати слободни медиуми во Русија.

Минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за борбата за слобода на изразување во Русија.

„Освен тагата, јас и моите колеги се срамиме“, рече Муратов.

„Што е следно – нуклеарен напад? -прашува тој.

„Владимир Путин си игра со нуклеарното копче како со клучевите од автомобилот“, вели Муратов.

Следниот број на Нова Газета ќе биде двојазичен, на руски и на украински.

„Украина не е наш непријател и украинскиот јазик не е непријателски јазик“, рече тој. „И никогаш нема да биде.“ – додаде Муратов.

Back to top button
Close