Рускиот патријарх ја поздрави одлуката за „обединување на СПЦ со МПЦ-ОА

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.

-Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.

Back to top button
Close